x

Фото: Xiaomi Mi Mix 2s без рамки и целосен дисплеј!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Ноември, 2017 од GSM.mk

2017-та е годината во која голем број од компаниите со своите смартфони, како iPhone X и Essential Phone, се ослободија од рамките и претставија уреди со целосен дисплеј. Според новите фотографии, и Xiaomi Mi Mix 2s се придружува на трендот

Покрај Apple и Samsung, оваа година и Xiaomi се придружи на трендот. Mi Mix 2 доаѓа со таков дизајн и само на горната страна има дел каде се наоѓа селфи камерата. Но, компанијата реши да го унапреди ваквиот дизајн уште повеќе.

Според новите фотографии, тоа планира да го направи со Xiaomi Mi Mix 2s. Уредот на фотографиите нема никакви рамки, а селфи камерата се наоѓа во горниот десен агол. Што мислите за ваквиот дизајн?


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.