x

Фотографии од Moto Z4: Познат дизајн со notch и една главна камера!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Март, 2019 од GSM.mk

Деновиве се појавија голем број информации за новите уреди од средната класа на Motorola. Но, сега имаме официјални фотографии, заедно со дел од карактеристиките на еден премиум уред на компанијата...

Додека Samsung смета дека дупка е подобар избор од notch претставувајќи ја новата Galaxy S10 линија со "Infinity-O" и оставајќи ги  "Infinity-U" и "Infinity-V" дизајните за своите поевтини модели, како A40 и A20, Motorola има спротивен план. Премиум уредот на компанијата, Moto Z4, ќе доаѓа со waterdrop notch со минимални рамки од страните.

Поради новиот дизајн, на долниот дел од уредот нема место за Motorola логото. Иако не станува збор за целосен edge-to-edge дизајн, сепак ќе има многу повисок тело-дисплеј сооднос од оној на Z3. Неизненадувачки, задниот дел на Z4 е речиси ист како на неговиот претходник.


The Moto Z3 has two rear-facing cameras

Од останатите спецификации, ќе има Snapdragon 855 во внатрешноста, како и две камери на задната страна. Сензор од 100 мегапиксели, како што се зборува, најверојатно нема да биде присутен. Од друга страна, 48 мегапикселната камера која ја има кај неколку Huawei уреди, како и Samsung Galaxy A90, може да ја видиме и кај новиот смартфон на Motorola.

Иако на почетокот од 2019 година се појавија слики од ненајавен Z4 Play модел, компанијата најверојатно нема да претстави ваква верзија и ќе се фокусира само на обичниот Z4.

There might not be a Moto Z4 Play in the pipeline after all

Како мало потсетување, на почетокот Moto Z серијата имаше три модели, кои набрзо се покажаа како непотребни. Во 2017-та беа претставени Z2 Force и Z2 Play, додека последните Z3 и Z3 Play беа едни од најзбунувачките модели. Токму затоа, оваа година изгледа дека компанијата се реши само за еден премиум смартфон.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.