x

Фотографии од ненајавен iPhone X во златна боја!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Април, 2018 од GSM.mk

Аpple сподели фотографии од интересна верзија на iPhone X, која за жал не беше претставена..

Пред претставувањето на уредот во септември, iPhone X се очекуваше да доаѓа во три бои, меѓу кои имаше и златна верзија. За жал, производството на моделот никогаш не почна, и покрај тоа што постојано се појавуваа концепти за неговиот изглед. По фотографиите кои се појавија деновиве, потврдивме дека компанијата сепак планирала да претстави ваков смартфон на почетокот.

Како што може да видите, варијантата доаѓа со црн стаклен панел на предната страна, а останатиот дел од уредот е целосно златен. Бидејќи заедно со фотографиите, се појавија информации дека Apple планира да претстави нова боја од iPhone X, наречена “Blush Gold,” можеби златниот iPhone X кој не го добивме во септември, ќе го добиеме сега. Како и да е, компанијата се надева дека со новата верзија ќе ја зголеми продажбата на својот смартфон. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.