x

Фотографии од Nokia 5.1 Plus: Дизајн како iPhone X и дуален систем камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јули, 2018 од GSM.mk

Новиот Nokia телефон, наречен Nokia 5.1, кој го очекуваме набрзо, доаѓа со модерен дизајн и интересни спецификации..

Nokia 5.1 ќе биде следбеник на Nokia 5, уред најавен за време на Mobile World Congress настанот во Барселона во февруари. Според новите фотографии и информациите кои се појавија со нив, доаѓа со 5.7 инчен дисплеј, тенки рамки и дизајн како iPhone X. 

На задната страна, се наоѓа скенерот за отпечатоци, заедно со две камери. Едната од нив ќе биде од 16 мегапиксели, наменета за портрети и замаглување на позадините. Функциите на другата сеуште не се познати.


Телефонот ќе доаѓа во две бои - црна и малку посветла, сива боја. 

За жал, сега за сега, немаме повеќе информации за неговите карактеристики.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.