x

Фотографии од Pixel 3 XL: Промени во дизајнот и дисплеј како iPhone X

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Јуни, 2018 од GSM.mk

Откако последните информации потврдија дека Google Pixel 3 XL ќе доаѓа со висок дисплеј и минимални рамки околу него, новите фотографии го потврдуваат тоа, заедно со уште неколку промени во дизајнот..

Прво што се забележува од сликите е дека Pixel 3 XL доаѓа со голем дисплеј и минимални рамки околу него. Дисплејот е придружен само од мала рамка на горната страна, наменета за двете селфи камери.


На задната страна, уредот го има речиси истиот дизајн со минатогодишниот модел. Станува збор за алуминиумско тело со стаклен конструкција и скенер за отпечатоци. Интересно е што и покрај тоа што има две селфи, на задната страна се наоѓа само една камера. Како и да е, доколку е добра колку онаа на Pixel 2 XL, дефинитивно станува збор за импресивни и квалитетни фотографии. 



Најавувањето на Pixel 3 XL го очекуваме во октомври. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.