x

Фотографии што станаа вирални хитови на интернет во изминативе години

Категорија: Забава Објавено на 25 Август, 2017 од GSM.mk

Можеби не се највлијателни во глобална политичко-социјална смисла, но овие фотографии на славни личности станаа мега популарни и вирални на интернет..

Селфито на Елен Деџенерис со група холивудски актери на доделувањето на Оскарите истата година стана најсподелуваната фотка од големата филмска вечер.

На листата се најде фотографијата на Џереми Микс, најзгодниот криминалец на светот.

„Ќе ви го украде срцето и вашиот CD плеер“, гласеше коментарот на еден интернет корисник откако на Facebook беше објавена фотографијата на Микс од неговото приведување во полиција во 2014 година. Благодарение на оваа фотографија Микс доби договор со модна агенција откако излезе од затвор и си го смени животот од корен.

Кога сме кај Оскари, на листата се најде и фотографијата од Леонардо Дикаприо како (конечно!) го прима Оскарот за најдобра машка улога во 2016 година и (намерно или не) покажува среден прст со раката со која го држи ковертот.

Фотографијата на бразилската манекенка Жизел Бундшен како ја дои едногодишната ќерка Вивиен додека ја подготвува тим стилисти исто така стана вирална и за оваа фотка може да се каже дека имаше пошироко влијание бидејќи манекенката на тој начин даде поддршка против стигмата во општеството за доење на јавно место.

Бијонсе е една од најуспешните и најубавите жени на светот. Меѓутоа нејзината фотка од настапот на Супербоул 2013 година на која е „фатена“ во гримаса е доказ дека и најубавите жени не излегуваат секогаш најдобро на фотографија. Фотката се рашири вирално на интернет, покрај напорите на ПР тимот на Бијонсе „да ја снема засекогаш“.

Еден од најпопуларните турски готвачи Нусрет Гекче стана предмет и инспирација за илјадници мемиња со неговиот специфичен начин на посолување.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.