x

Гаџети од 90-тите што денеска се застарени!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 18 Март, 2017 од GSM.mk

Многу парчиња технологија од 90-тите години кога излегоа беа врвни и делуваа футуристички, но денеска изгледаат многу застарено и ретро. Сепак, во тоа време беа најврвната и најмодерната технологија што може да ја имаме..

За потсетување на оваа доба и истакнување дека секоја генерација си има свои гаџети и проблеми кога треба да ја сфати поентата на користење на овие новите што доаѓаат, направивме листа на парчиња технологија од 90-те што тогаш беше најмодерна и врвна, а денеска е стара и ретро.

1. Пејџери

Првиот систем на пејџери бил направен уште во 50-тите, наменет за американските доктори, кои можеле да примаат пораки доколку биле на одреден радиус од предавателот. Во 90-тите, Motorola разви безжичен протокол за пејџерите, што овозможи користење насекаде и поттикна масовна употреба на пејџерите кај луѓето.

2. Дискмен

Го нарекувавме како и што беше оригиналното име на овој Discman на Sony, што беше логичен следбеник на вокменот (Walkman). Секој љубител на музика го посакуваше, доколку го немаше.

3. Гемче 

Меѓу нас го нарекуваме гемче, рачната конзола на Nintendo, Game Boy. Иако пред него имаше повеќ рачни конзолишто потекнуваа од средината на 90-тите, со доаѓањето на Game Boy се поместија стадарди за овој вид на гаџет. 

4. Џебен компјутер

Малкумина бизнимени и луѓе со роднини во странство имаа таканаречен џебен компјутер или PDA (Personal digital assistant). Овој гаџет ви помагаше да се организирате со состаноци, закажани средби и слично. Како и многу други парчиња технологија, отидоа во историјата со појавата на смартфоните.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.