x

Galaxy A50 (2019): Еден од најдобрите уреди на Samsung од средната класа!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 04 Април, 2019 од GSM.mk

Покрај премиум смартфоните, оваа година Samsung реши да посвети големо внимание и на своите уреди од средна класа. Компанијата претстави неколку вакви телефони, меѓу кои еден од најпривлечните е Galaxy A50:

Galaxy A50 нуди низа моќни спецификации, и покрај тоа што е уред од средната класа. Во однос на изгледот, уредот доаѓа со добро познатиот дизајн на A серијата. Станува збор за голем, 6.4 инчен панел на предната страна, со резолуција од 1080x2340 пиксели и 19.5:9 сооднос, заштитен со Corning Gorilla Glass 3. Дисплејот е придружен од стаклено-пластична конструкција. Достапен е во црна, бела, сина и корална боја.

Нашиот тест уред го добивме од Ледиком, каде што уредот е достапен за 15,990 ден.


За неговите моќни перформанси во внатрешноста се наоѓа Exynos 9610, заедно со 6GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 4000 mAh и поддржува брзо полнење. Од останатите "премиум" карактеристики, смартфонот има и скенер за отпечатоци под дисплејот кој работи одлично.


Во споредба со остантите уреди во A серијата, A50 нуди најголем број на камери. На задната страна се наоѓаат три сензори од 25, 8 и 5 мегапиксели, заедно со LED блиц. Селфи камерата е истотака од 25 мегапиксели.

Samsung Galaxy A50 е официјално достапен од март, оваа година, а може да го најдете по ЕКСТРА цена во Ledikom.mk - од 15,990 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.