x

Galaxy A80 Blackpink: Специјалната и уникатна верзија на Samsung од уредот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јули, 2019 од GSM.mk

За време на претставувањето на Galaxy A80, мега популарната корејска група Blackpink го промовираше уредот и најави специјална верзија од него..

Galaxy A80 Blackpink Special Edition ќе биде достапен одреден период и на почеток само во Тајланд и Малезија. Заинтересираните корисници ќе може да го нарачаат од 14 јули. 

Во однос на спецификациите, уредот ќе биде ист со обичната верзија. Наместо тоа Blackpink брендот ќе биде вметнат преку пакувањето и додатоците. Во кутијата ќе се наоѓа специјална маска и полнач кои ќе бидат во розева и црна боја. Истотака ќе има и карти на кои ќе се наоѓаат членовите од бендот. 

Доколку не сте запознаени, Blackpink е корејска музичка група со четири члена. Во моментот, бендот стекнува интернационална популарност, особено во Америка. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.