x

Galaxy A9 2018: Ѕвер со четири задни камери кој нуди неверојатно добри фотографии!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 21 Декември, 2018 од GSM.mk

Запознајте го Galaxy A9 (2018) - првиот смартфон на пазарот со четири задни камери. Но, покрај оваа одлична карактеристика, новиот уред на Samsung нуди низа други солдини спецификации. Да погледнеме:

Доколку сакате да бидете сопственик на првиот смартфон со четири камери на задната страна, Galaxy A9 (2018) може да го најдете во Ledikom по цена од 26,390 денари. :)

Samsung Galaxy A9 има премиум дизајн со метална рамка и стаклена конструкција од предната и задната страна. Благодарение на неговата големина и конструкција, уредот има одличен изглед, а истовремено е компактен и лесен за раководење. Достапен е во три бои, меѓу кои две, сината и розевата верзија, доаѓаат во две нијанси. Третиот модел има покласична, црна боја. На прв поглед, Galaxy A9 наликува на Galaxy A7 (2018), но на негова подобрена верзија. 


Преминувајќи на предната страна, Galaxy A9 доаѓа со голем, 6.3 инчен екран, со резолуција од 1080 x 2220 пиксели и 18.5:9 сооднос. За разлика од останатите смартфони на пазарот, А9 го нема познатиот "notch" на горната страна, наменет за селфи камерата. И покрај тоа, рамките околу панелот се релативно мали, а селфи камерата има резолуција од 24 мегапиксели. 


Како што веќе спомнавме, можеби една од најинтересните карактеристики е што A9 има дури четири камери на задната страна. За дел од корисниците толкав број камери е непотребен, а останатите сметаат дека се одличен начин за добивање на квалитетни фотографии. Од нив, главната е со резолуција од 24 мегапиксели и е наменета за класичните фотографии, како и секој друг смартфон. Потоа, имаме 8 мегапикселна камера наменета за широкоаголни слики - одлична за групни фотографии. Третата камера е од 10 мегапиксели и е наменета за црно-бели фотографии. На крај, имаме 5 мегапикселна четврта камера, која на еден начин е помошен сензор за останатите камери, обезбедувајќи поголем квалитет, подобри бои и повидливи детали. 


Во внатрешноста на A9 се наоѓа Exynos 7885 процесор, заедно со 6GB RAM и 512GB меморија. Батеријата е од 3800 mAh и нуди брзо полнење. Интересно е што батеријата е поголема од онаа во Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на задната страна, заедно со четирите камери. 

Galaxy A9 (2018) е смартфон наменет за оние кои се во потрага по уред кој нуди одлични и квалитетни фотографии. Покрај тоа, неговите останати спецификации го прават моќен смартфон со елегантен дизајн, одличен за секојдневно користење. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.