x

Galaxy J2 Core: Уште еден буџетски Android One смартфон на Samsung!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 05 Февруари, 2019 од GSM.mk

Android Go уредите се наменети за корисниците кои се во потрага по уред со ниска цена, кој нуди солидни спецификации и интересен дизајн. Уште еден смартфон, кој се придружи на Android Go семејството е Galaxy J2 Core на Samsung:

Благодарејќи на ниската цена, J2 Core доаѓа со пластична конструкција, една камера на задната и предната страна, придружени од Samsung логото. Всушност, дизајнот повеќе се фокусира на издржливост и практичност, отколку на естетика.

samsung galaxy J2 core design build

Спецификации:

  • 5 инчен qHD дисплеј со резолуција од 540×960 пиксели
  • Quad Core Exynos 7570 процесор
  • Android 8.1 Oreo (Go Edition)
  • 1GB RAM
  • 8 GB до 256GB меморија
  • Задна камера од 8 мегапиксели
  • Селфи камера од 5 мегапиксели
  • Батерија од 2,600mAh

фотографии направени со Galaxy J2 Core

 



Доколку сте во потрага по буџетски уред, Galaxy J2 Core може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од само 6,150 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.