x

Galaxy J3 (2017): Премиум телефон за сечиј џеб!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 24 Август, 2017 од GSM.mk

Овогодинешната верзија на J3 моделот беше претставена минатиот месец. Еве се што треба да знаете за уредот и неговите спецификации:

Доколку сте заинтересирани, Galaxy J3 (2017) може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 10990 денари. 

Станува збор за премиум модел, кој можеби не може да се спореди со S8 и S8 Plus, но дефинитивно во дизајнот потсеќа на популарните телефони на Samsung. Како што беше очекувано, Galaxy J3 (2017) доаѓа со 5 инчен дисплеј и резолуција од 720x1280 пиксели, истите карактеристики како кај минатогодинешниот модел. 


Од друга страна, задната камера на телефонот е подобрена на 13 мегапиксели, додека селфи камерата остана иста, со 5 мегапиксели. Но, не се жалиме, бидејќи и претходниот модел покажа дека ваквата камера е одлична за селфи фотографиите. 


Под хаубата, се наоѓа батерија од 2400mAh, Exynos 7570 и 2GB RAM. Работи на Android Nougat и е достапен во бела, црна, сина и златна боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.