x

Galaxy J4 Core: Вториот Android Go уред на Samsung со солидни спецификации и ниска цена

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 06 Декември, 2018 од GSM.mk

Samsung го претстави својот прв Android Go уред, Galaxy J2 Core, во август, а само неколку месеци подоцна се појави и неговиот следбеник. Запознајте го Galaxy J4 Core - новата и подобрена Android Go верзија на компанијата:

Како што рековме, J2 Core беше првиот Android Oreo (Go edition) смартфон на Samsung, а веќе го додаде вториот Android 8.1 Oreo (Go Edition) уред во своето портфолио. J4 Core доаѓа со подобри спецификации и перформанси од неговиот претходник.

За почеток, J4 Core има поголем, 6 инчен HD+ дисплеј на предната страна, со резолуција од 720x1480 пиксели и 18.5:9 сооднос. Достапен е во сина, златна и црна боја. Во внатрешноста, се наоѓа Exynos 7570, заедно со 1GB RAM и 16GB меморија. 

Во однос на камерите, на задната страна се наоѓа 8 мегапикселна камера, заедно со LED блиц, додека селфи камерата е од 5 мегапиксели, истотака со LED блиц. За жал, уредот не доаѓа ниту со скенер за отпечатоци, ниту со Face ID. Од друга страна, има прилично голема батерија со капацитет од 3300 mAh. 

Иако спецификациите не се ниту блиску моќни како оние на најпопуларните смартфони на пазарот во моментот, како и другите Android Go уреди, целта на J4 Core е да понуди солидни перформанси, компактен изглед и нсика цена. 


Galaxy J4 Core може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 7390 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.