x

Galaxy J4 Plus: Поевтина верзија на J6 Plus со одлична батерија и камери

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 21 Ноември, 2018 од GSM.mk

Galaxy Note 9 е можеби еден од најдобрите телефони во моментов на пазарот, но по многу поевтина цена Samsung претстави уште еден одличен уред - Galaxy J4 Plus. Да се запознаеме подобро со уредот:

Како што може да претпоставите од неговото име, станува збор за уште еден голем телефон на Samsung. J4 Plus нуди 6 инчен дисплеј, со резолуција од 720 x 1480 пиксели и 18.5:9 сооднос. И при ниска светлина и при директна изложеност на сонце, боите се реални и целосната слика е квалитетна. Како и сите уреди на компанијата, има премиум дизајн и покрај тоа што е смартфон од средната класа. Во однос на боите, има за секого по нешто, бидејќи доаѓа во покласични верзии, како црна и сина, но и позабавни варијанти, како розева и златна. И покрај големиот екран, J4 Plus е лесен за држење и раководење. Скенерот за отпечатоци се наоѓа од страна. 


Доколку го споредите со J6 Plus, ќе забележите дека има многу мала разлика меѓу двата. Имено, J4 Plus доаѓа со 1GB RAM помалку и една камера од 13 мегапиксели, наместо две. Другото е речиси исто.Кога сме кај камерите, селфи камерата е од 5 мегапиксели. Неговите перформанси се поддржани од Snapdragon 425 и батерија од 3300mAh.

За цена од 8,590 денари, Samsung Galaxy J4 Plus нуди издржлива батерија, одличен изглед и добри перформанси. Повеќе детали за уредот може да најдете на Ledikom.mk

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.