x

Galaxy Note 8 доаѓа најрано во септември!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Јули, 2017 од GSM.mk

Samsung планира да го најави својот следен смартфон, Galaxy Note 8, на 23 август. Но, најавувањето на уредот не е истовремено со неговата достапност, бидејќи фановите обично чекаат неколку недели пред да може да го нарачаат..

Компанијата планира да го претстави Galaxy Note 8 најрано во септември. Причината позади подранетото претставување на овогодинешниот Note уред е опаднатата продажба на Galaxy S8 за многу краток период. 

Друг фактор најверојатно е и iPhone 8, кој би требало да се појави во ноември. Како и да е, јужнокорејската компанија има доволно време да го усоврши Note 8, да го оправда неуспехот на Note 7 и да ја врати довербата кај фановите. 

Инаку, претставувањето на Galaxy Note FE (обновената верзија на Note 7), било со цел да се види реакцијата на корисниците кон нов уред од Note серијата. Тестовите се покажале како успешни, бидејќи набрзо по неговото претставување биле продадени околу 400 000 единици.

Samsung очекува да продаде 10-15 милиони единици од Note 8, истата бројка која компанијата ја очекуваше пред Note 7 фијаското. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.