x

Galaxy Note 8 во новата реклама за Samsung Exynos 9?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Јули, 2017 од GSM.mk

Од нигде и никаде, на твитерот на Samsung Exynos се појави нова слика промовирајќи го идниот процесор во Exynos серијата. Но, смартфонот кој се наоѓа на сликата го привлече нашето внимание многу повеќе од самиот процесор..

Од далеку, уредот наликува на Galaxy S8. Можеби е до аголот, но поради тенките рамка на горната страна и речиси невидливите рамки од левата и десната страна, компанијата пронашла суптилен начин да го претстави дизајнот на новиот Galaxy Note 8. 

Бидејќи неговото најавување е закажано за 23 август, логично е Samsung да остава суптилни траги, слики и информации за уредот, со цел да ја зголеми возбудата и нетрпението кај фановите. Како и да е, убаво е да се види дека компанијата успеала да поднови нешто што е веќе виден и примамлив дизајн.

Што мислите вие, за кој уред станува збор?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.