x

Galaxy Note 9 ќе има 6.4 инчен дисплеј и поголема батерија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Април, 2018 од GSM.mk

Официјалната премиера на Samsung Galaxy Note 9 се очекува да се одржи во август. Со наближувањето на премиерата, ќе дознаваме се повеќе и повеќе детали за долгоочекуваниот уред.

Најновите податоци на интернет откриваат дека моделот ќе понуди многу помоќна батерија со полнеж од 3.850 или 4.000 милиампер часови. За споредба, Galaxy Note 8 е опремен со многу помала батерија од 3.300 милиампер часови. Ова значи дека неговиот наследник ќе понуди многу повеќе време за работа со едно полнење, информира Pocket-Link.

Samsung Galaxy Note 9 ќе биде опремен со поголем екран кој ќе го направи вистински избор за корисниците кои гледаат мултимедија или го користат својот паметен телефон за игри. Новиот паметен телефон ќе има побрз процесор и ќе работи под Android Oreo. Самиот дисплеј ќе има големина од 6,4 инчи и ќе го пополни речиси целиот простор во предниот дел. Сепак, Galaxy Note 9 се очекува да има сличен дизајн со својот претходник.

Исто така можеме да бидеме сигурни дека уредот ќе има подобри камери и веројатно ќе користи нова генерација на меморија. Во овој момент, ова се сите технички спецификации што ги знаеме за Galaxy Note 9. Со текот на времето, ќе дознаеме повеќе за подобрувањата, кои не очекуваат во паметниот телефон.

Новиот модел во голема мера ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот на паметни телефони во втората половина од годината, но ќе понуди поголем избор за потрошувачите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.