x

Galaxy S10: Бидете првиот сопственик на најдобриот телефон во светот!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 07 Март, 2019 од GSM.mk

Обележувајќи ја десетгодишнината од постоењето на S серијата, Samsung го претстави Galaxy S10 кој дефинитивно не разочара:

Позитивно:

  • висок тело-дисплеј сооднос
  • скенер за отпечатоци под дисплејот
  • Безжично PowerShare полнење

Негативно:

  • Висока цена
Станува збор за "обичната" верзија во новата S серија. Моделот доаѓа со 6.1 инчен AMOLED дисплеј, со резолуција од 1440 x 3040 пиксели, висок 19:9 сооднос и Corning Gorilla Glass 6 заштита. Истотака, го содржи новиот Infinity-O дизајн - висок дисплеј, минимални рамки и дупка во дисплејот наменета за селфи камерата. Се со цел да се постигне високиот тело-дисплеј сооднос од 93.1%.

Продолжувајќи со дизајнот, станува збор за стаклена конструкција, придружена од алуминиумска рамка. Како и сите премиум смартфони во денешно време, на задната страна се наоѓаат три, наместо две камери. Главниот сензор е од 12 мегапиксели и е придружен од секундарна телефото леќа истотака од 12 мегапиксели, додека третиот сензор е од 16 мегапиксели. Овој систем е придружен од селфи камера со 10 мегапиксели.

Покрај одличниот дизајн и изглед, Galaxy S10 не разочарува ниту во внатрешноста. Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 855 процесор, придружен од импресивни 8GB RAM и 512GB меморија. Работи на батерија од 3400 mAh и поддржува безжично полнење.

Во зависност од вашиот вкус, Galaxy S10 е достапен во бела, црна, зелена , сина, жолта и розева боја. Уредот екслузивно ќе биде достапен во Ledikom.mk - прв во Македонија!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.