x

Galaxy S10 Exynos vs S10 Snapdragon: Кој е подобар?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 26 Март, 2019 од GSM.mk

Десет години по претставувањето на првиот Galaxy S уред, серијата сеуште доаѓа во две верзии - една со Exynos процесор за Европа, и друга со Snapdragon процесор за Америка.. Но, кој од нив е подобар?

Европската верзија од S10 доаѓа со Exynos 9820, додека американската доаѓа со Snapdragon 855. Ова се резултатите:

AnTuTu и Geekbench 4

Galaxy S10 Exynos vs S10 Snapdragon: Which is better?

AnTuTu обично дава реалистични бенчмаркинг резултати. Речиси секогаш, на овие тестови Exynos процесорите се покажувале подобро. Но, овој пат, multi-core резултатот на Snapdragon 855 е подобар од оној на Exynos 9820.

GFXBench

Galaxy S10 Exynos vs S10 Snapdragon: Which is better?

Второ, беа споредувани и гејмерските способности на уредите, благодарение на GFXBench. Иако голем дел од корисниците може нема да забележат големи разлики при играњето на овие два смартфони, според GFXBench Exynos 9820 нуди подобри перформанси.

Jetstream

Galaxy S10 Exynos vs S10 Snapdragon: Which is better?

Последно, го имаме Jetstream тестирањето кое ги покажува нивните способности при сурфање и веб-апликации. Тука, Snapdragon се покажа подобро со резултат од 113,467.

Но, што е со батериите?

Galaxy S10 Exynos vs S10 Snapdragon: Which is better?

Како дополнително тестирање, ја имаме и издржливоста на нивните батерии. Исто како и секоја година, Snapdragon процесорот се покажа со подобар капацитет од Exynos процесорот. Ниту еден од нив не нуди импресивна издржливост, на Snapdragon 855 ветува речиси еден час повеќе од Exynos 9820.

Се на се, резултатите меѓу двата процесора се речиси исти. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.