x

Galaxy S10 Lite: Огромна и моќна батерија!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Ноември, 2019 од GSM.mk

Galaxy S10 Lite ќе има една од најмоќните батерии кај Galaxy уредите!

Galaxy S10 Lite има за цел да биде се она што Galaxy S10e не беше. Овој уред треба да биде новиот буџетски модел вo S10 серијата, но со солидни спецификации.

Покрај тоа што ќе работи на Snapdragon 855 (исто како S10 и S10+) и ќе има 6GB RAM, сега знаеме дека ќе доаѓа и со огромна батерија од 4370 mAh. Како за споредба, ова е поголема батерија од онаа на Note 10+, а едиствен Galaxy уред кој има поголема батерија од ова е Galaxy A90 5G (4500 mAh).

Од S10 Lite се очекува да има и голем панел од 6.7 инчи, заедно со две селфи камери и две или три задни камери. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.