x

Galaxy S6 и S6 edge ќе го добијат Android 7 Nougat до крајот на февруари!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 17 Февруари, 2017 од GSM.mk

Android 7.0 Nougat доаѓа до крајот на февруари за Galaxy S6 и S6 edge, според новите твитови на Tansu Yegen, потпретседателот на Samsung Turkey..

Новиот update за S6 серијата доаѓа само неколку недели откако компанијата ја додаде новата Android верзија на своите најнови модели, Galaxy S7 и S7 edge. Samsung и останатите големи компании, почнаа да го додаваат Nougat update-тот на своите најдобри телефони во јануари-февруари 2017, некои пет месеци откако Google го додаде својот update на Nexus телефоните, други четири до пет месеци откако Google го претстави Google Pixel со Nougat.

Tansu Yegen (@TansuYegen) постираше слика на 8 февруари, 2017, на која се гледаше распоредот по кој Galaxy телефоните ќе го добиваат новиот оперативен систем:

  • Galaxy S7 и Galaxy S7 edge втората недела од февруари
  • До крајот на третата недела ќе дојде за Galaxy S6
  • Galaxy S6 edge+ и Galaxy Note 5 истотака ќе го добијат до крајот на третата недела
  • Galaxy S6 edge при крајот на четвртата недела од февруари
  • Galaxy A серијата во мај и Galaxy J серијата во јули
Додека го чекаме претставувањето на Galaxy S8 со нов, револуционерен дизајн, нов Snapdragon 835 и Bixby- новиот виртуелен асистент, можете да се подновите со Galaxy S6/7 моделите кои сега се достапни по прифатливи цени :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.