x

Galaxy S8: 6 месеци по претставувањето, продажбата конечно се подобри

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Октомври, 2017 од GSM.mk

Galaxy S8 и S8 Plus беа претставени со нов дизајн, нови перформани и нови спецификации, но тоа не беше доволно да ги убеди корисниците да купат еден од уредите. Поради тоа, продажбата на смартфоните беше значително помала од онаа на S7 и S7 edge..

Но, по претставувањето на новиот телефон во Note серијата, продажбата и заинтересираноста за Galaxy S8, заедно со Note 8 стана значително поголема. Како што може да видите од фотографиите, во Австралија и Скандинавските земји заинтересираноста за S8 е најголема, а во Америка и Англија е еднаква, со 5.4% од целокупната Android база.


Ваквите резултати воопошто не се лоши, земајќи ја во предвид високата цена на смартфоните. Од друга страна, есенската сезона донесе нова конкуренција, не само од страна на Apple со iPhone X, туку и од останатите Android компании.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.