x

Galaxy S8 Active vs Galaxy S8: Сите разлики со кои доаѓа уредот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јули, 2017 од GSM.mk

Речиси 4 години, Samsung ја надополнува Galaxy S серијата со нова верзија, позната под името Galaxy S Active. Трендот започна со Galaxy S4 Active, а сега ја очекуваме Active верзијата на Galaxy S8...

Најпрво, доколку Samsung ја задржи фамилијарната традиција, уредот ќе доаѓа со многу поцврст дизајн, благодарение на кој ќе биде речиси отпорен на падови. За жал, нема да доаѓа со Infinity Display како S8. Тоа го прави единствениот S8 уред кој нема да доаѓа со флексибилен дисплеј. Предната страна најверојатно ќе биде изработена од пластика, а не од стакло. Дисплејот ќе биде 5.8 инчен и ќе има тенки рамки.

Galaxy S7 Active

Во внатрешноста, ги очекуваме истите спецификации на Galaxy S8: Snapdragon 835 процесор, 4GB RAM и 64GB меморија. Но, се зборува дека уредот ќе доаѓа со поголема батерија, најверојатно од 4000mAh. 

Се на се, уредот ќе има сличен дизајн и речиси исти спецификации како оригиналниот S8, но со поголема батерија и поцврст дизајн кој ќе го прави побезбеден. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.