x

Galaxy S8 доаѓа во нова Burgundy Red боја на 28 ноември!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Ноември, 2017 од GSM.mk

Пред некое време, Samsung изјави дека планира да претстави црвена верзија на Galaxy S8. Конечно, неколку месеци подоцна, компанијата ќе го претстави ваквиот уред

Samsung ќе ја претстави Burgundy Red верзијата на Galaxy S8 на 28 ноември. За жал, компанијата сеуште нема решено дали уредот ќе биде претставен на глобално ниво или само во најблиските земји. 

Burgundy Red моделот ќе биде претставен само 4 дена после iPhone X во Јужна Кореја, но мала е веројатноста дека ќе ја загрози продажбата на новиот Apple смартфон. Најголемите продавници во Јужна Кореја изјавија дека iPhone X се распродал само неколку минути откако бил ставен на претпродажба.

Црвената најверојатно ќе биде последната варијанта на Galaxy S8 која ќе биде претставена, бидејќи Samsung планира да го претстави S9 на самиот почеток од новата година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.