x

Galaxy S8 и S8 Plus: 10 трикови за подолготрајна батерија!

Категорија: Совети Објавено на 21 Април, 2017 од GSM.mk

Интересен тренд со кој, за жал, доаѓаат повеќето нови уреди, е одлични спецификации во секој поглед, освен кај батеријата, која многу потешко се подобрува...

Спрема други популарни телефони, Galaxy S8 и S8 Plus доаѓаат со солидни батерии. S8 има батерија од 3000mAh, која трае 8 часа и 22 минути, додека S8 Plus има батерија од 3500mAh која трае околу 8 часа. Но, како може да го подобрите тоа?

1. Користете потемна позадина

Користењето на потемна позадина е лесен и добропознат трик за штедење на батеријата. Бидејќи уредите доаѓаат со Super AMOLED дисплеј, посветлите бои многу брзо ја цедат батеријата.

2. Водете сметка за автоматската светлина

Samsung смартфоните, како и многу други уреди, доаѓаат со автоматско осветлување. Тоа значи дека телефонот сам ја адаптира светлината на дисплејот според околината во која се наоѓате. Но, максималната дозволена светлина е во ваши раце, така да водете сметка.

3. Исклучете го Always On Display модот

Тоа може да го направите преку: Settings -> Lock screen and security

4. Game Launcher и Game Tuner се ваши пријатели

Game Launcher се појави со претставувањето на Galaxy S7 и S7 edge. Доколку сакате да заштедите батерија при играње, вклучете ја Save Power функцијата. Што се однесува на Game Tuner, апликацијата не доаѓа со телефонот, треба сами да ја симнете од Play Store и е бесплатна. 

6. Дали "Smart Stay" треба постојано да ви е вклучено?


Smart Stay е корисна функција која детектира кога го користите телефонот. Доколку го користите, дисплејот нема да се исклучи се додека не го оставите уредот. Ваквата магија ја постигнува преку селфи камерата со која го следи вашето лице и одлучува кога треба да се икслучи телефонот. Доколку не го користите телефонот подолго време, наш совет е да ја исклучите во тој период. Settings -> Advanced Features -> Smart Stay.
7. Времето на исклучување на дисплејот да биде што пократко

Кога сме веќе кај екранот, нема потреба времето на неговото исклучување да го ставате на повеќе минути. Сите сме навикнати да ги исклучуваме телефони кога ќе завршиме со нивно користење, но некогаш се случува да заборавиме. Поради тоа, најпаметно е сам да се исклучува по некои 30 секунди.

8. Keep screen turned off

Оваа функција би требало сама да ви е вклучена, но проверете за секој случај: Settings- > Display -> Keep screen turned off.
9. Исклучете Wifi и Bluetooth scanning


10. Исклучете ги овие непотребни гестови

Се надеваме дека советиве ќе ви бидат од помош! :)



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.