x

Galaxy S9, Galaxy S9 Plus ќе доаѓаат во виолетова боја?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 04 Декември, 2017 од GSM.mk

Според новите информации, Samsung има големи планови за новите модели во S серијата. Меѓу другото, компанијата да планира да претстави и нови бои од S9 и S9 Plus уредите..

Пред претставувањето на Galaxy S8, се појавија неколку фотографии од виолетова верзија на уредот, која за жал никогаш не беше претставена. Според информациите, станува збор за потемна нијанса на виолетово, која можеби ќе ја видиме кај S9 и S9 Plus.

Други споменати бои се црна, златна и сина, во кои доаѓа Galaxy Note 8. Предната страна на уредот ќе остане целосно црна. Се очекува Samsung да ги претстави новите уреди порано од обично. Тоа значи дека смартфоните ќе бидат најавени за време на Consumer Electronics Show (CES) настанот, кој трае од 9 до 12 јануари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.