x

Galaxy S9: Повисока цена и подобрени камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Ноември, 2017 од GSM.mk

Очигледно, Galaxy S9 ќе биде еден од поголемите изненадувања кои ќе ги претстави Samsung следната година. Иако можеби е рано, веќе сме запознаени со дел од неговите спецификации..

Нормално, Galaxy S9 ќе доаѓа со дуален систем камери, чии резолуции сеуште не се познати, но се зборува дека ќе доаѓаат со неколку подобрености, меѓу кои е и подобар slow-motion сензор од оној на Note 8.

Уредот ќе доаѓа со 9:18.5 сооднос, тенки рамки и Infinity Display дизајн. Иако сеуште е непозната, се зборува дека цената на Galaxy S9 ќе биде повисока од онаа на неговиот претходник, поради големите промени со кои доаѓа. Дисплејот ќе биде 5.77"/6.22 инчен.

Последно, смартфонот се очекува да биде претставен на Mobile World Congress во Барселона, како и обично. Единствена промена е што најверојатно ќе биде претставен порано, на 25 февруари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.