x

Galaxy Z Flip на преклоп е новиот смартфон на Samsung

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Февруари, 2020 од GSM.mk

Покрај новата серија Galaxy S20, компанијата Samsung на настанот Unpacked во Сан Франциско го претстави новиот смартфон на преклоп – Galaxy Z Flip.

Задачата на новиот Galaxy Z Flip е да го смени начинот на кој корисниците ги доживуваат мобилните телефони.

Неговиот дизајн е единствен и модерен, а особено ќе им се допадне на оние кои сакаат да го истакнат својот стил и оригиналност.

Новиот Galaxy има 6,7-инчен Infinity Flex екран изработен од иновативно стакло Ultra Thin UTG  кое се превиткува, a благодарение на ова стакло телефонот се преклопува и станува помал, така што слободно може да го носите во џеб.

Спецификации:

Кога станува збор за спецификациите, Galaxy Z Flip има главен 6,7-инчен FHD+ Dynamic AMOLED Infinity Flex екран со формат 21, 9:9 (425 ppi) и резолуција од 2.636х1.080 пиксели.

Вториот екран е 1,1-инчниот Super AMOLED екран со резолуција од 300х112 пиксели (303ppi), со широка задна камера од 12 MP со оптичка стабилизација на сликата, автофокус, дигитално 8х зумирање и ултраширока камера од 12 МP (f2.2).

Камерата може да снима видео во 4K резолуција, а поседува и Live Focus и Super Steady функција за максимален квалитет и стабилност.

Galaxy Z Flip доби 8 GB RAM, 256 GB интерна меморија и батерија од 3.300 mAh која поддржува брзо и безжично полнење.


Новиот уред го користи оперативниот систем Android 10.

Samsung Galaxy Flip Z започнува со продажба на 14 февруари, ќе биде достапен во црна, виолетова боја и златна боја(во некои земји) по цена од 1.380 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.