x

Галерија: Како изгледа Windows Phone 10?

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 09 Јуни, 2015 од GSM.mk

Windows 10 официјално доаѓа идниот месец, додека пак мобилната (Windows Phone) верзија би требало да пристигне во септември. Да погледнеме што не очекува...

Еден од најголемите новитети во новата верзија е можноста лесно да се портираат апликации од Android и iOS, што ќе биде огромна предност за оперативниот систем. Досега, Windows Phone беше критикуван дека иако е добро оптимизиран, сепак недостасуваат голем број на апликации. 

Уште еден новитет е Continuum, каде што можете да започнете со работа на вашиот компјутер, да продолжите на телефонот и на крај да се префрлите на лап-топот (нормално, сите мора да имаат инсталиран Windows 10) и директно да продолжите да работите.  Тука е и вградениот Landscape мод на работа на телефоните, кој сеуште недостига кај Android и iOS (освен кај iPhone 6 Plus).

Погледнете ја галеријата и кажете ни дали би му дале шанса на Windows Phone 10?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.