x

Game of Thrones: Видео игра еднакво разочарувачка како последната сезона!

Категорија: Забава Објавено на 13 Мај, 2019 од GSM.mk

Со последната сезона на "Game of Thrones" се појави и нова видео-игра инспирирана од серијата..

Game of Thrones: Conquest е официјалното име на играта во која Вие сте главниот лик и имате слична улога како кралевите во серијата. Целта е да го проширите вашиот град и да се борите против непријателите.

Иако сето тоа звучи возбудливо вака напишано, бидејќи станува збор за мобилна игра, работите се малку поразлични во реалноста. Всушност, во играта највеќе ќе треба да прифаќате работи. Разни ликови ќе се појавуваат кои ќе ви кажуваат да правите различни работи, кои може да ги извршите со клик на едно копче. На почеток, работите може да ги правите бесплатно и во моментот. Но, со тек на време, како што почнувате да станувате зависни од играта, се повеќе треба да чекате за да извршите одредена задача.

Game of Thrones: Conquest is a mobile game as disappointing as the last season of the show

Како што е очекувано, “Game of Thrones” делот од играта е всушност појавувањето на некои од ликовите во серијата. На моменти ќе се појави Daenerys и ќе ви каже нешто за нејзините змејови, или Tyrion ќе ви даде важни совети. Но, тоа е се.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.