x

Gangnam Style повеќе не е најгледано видео на YouTube!

Категорија: Занимливости Објавено на 15 Јули, 2017 од GSM.mk

Има нов крал на престолот, а тоа не е PSY со „Gangnam Style“.

Спотот за песната „See You Again“ на американскиот рапер Виз Калифа сстана најгледано видео на YouTube на сите времиња.

Видеото има 2.903.040.669 прегледи и со тоа го турка на второ место рекродот на „Gangnam Style“ од 2012 година.

Моментално има неколку видеа со повеќе од 2 милијарди прегледи, меѓу кои се „Sorry" на Џастин Бибер и „Uptown Funk" на Марк Ронсон, а „Despacito" на Луис Фонси има речиси 2,5 милијарди прегледи, а беше објавен годинава.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.