x

Garmin Vivomove 3: Елегантни паметни часовници со интересни функции!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Септември, 2019 од GSM.mk

Garmin најави нова серија на елегантни и луксузни паметни часовници - Garmin Vivomove 3

Garmin Vivomove 3 доаѓаат во повеќе бои и големини - од поексклузивни и поскапи модели до поевтини пластични верзии. Најинтересна карактеристика е скриениот дисплеј кој покажува нотификации и може да се користи за проверување на здравствениот дневен статус. Скриениот панел доаѓа во два дела - еден на горниот и еден на долниот дел. 

Vivomove 3 Style - Garmin Vivomove 3 series: an incredibly classy watch with a hidden smart display (hands-on)

Ова се останатите интересни функции на Vivomove 3 серијата:

  • Добивање е-пошта, пораки и нотификации 
  • Мерење на дневна активност, чекори и интензивност
  • Мерење на нивото на стрес
  • Мерење на спиењето 
  • Мерење на притисок
  • GPS за прошетки и трчање
  • Профили за јога, кардио, пливање и слично

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.