x

Gear S3 Classic и Frontier: Одлични часовници за Android корисниците!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 09 Јуни, 2017 од GSM.mk

Погледнете и уверете се зашто Gear S3 е најдобриот smart часовник во моментов, а и каде може да го најдете по најповолна цена...

Двата уреди се поголеми и подебели од својот претходник, Gear S2. Samsung, со цел да добие премиум гаџети, изработил куќиште, ремче и дизајн на часовникот во соработка со дизајнерите Yvan Arpa и Arik Levy.


Часовниците поседуваат IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина, а поседуваат и NFC и Bluetooth+. Екранот ќе биде постојано вклучен, со големина од 1,3 инчи и резолуција од 360 x 360 пиксели. За перформансите ќе се грижи dual-core процесор кој ќе работи на 1GHz, надополнет со 2GB RAM и простор за складирање на податоци од 4 гигабајти. Екранот е изработен со помош на Gorilla Glass SR+, а часовникот поседува вградени звучници, педометар, GPS и барометар. Бидејќи не работи на Android, туку на Tizen оперативниот систем, Samsung тврди дека веќе има над 10,000 достапни апликации за него.


Предности:

- "Згоден" и издржлив дизајн

- GPS

- Голем Дисплеј

- Одлични перформанси

- Ротирачка рамка која е забавна за користење

Негативности:

- Лимитирана селекција на апликации

- Тежок

Credit: Jeremy Lips / Tom's Guide

 Има атрактивен дизајн, одлична конструкција, GPS и ротирачка рамка. Истотака, голем бонус е што работи со речиси сите Android телефони, па дури и со некои iPhone уреди, до одреден степен. Сето ова, го прави еден од најдобрите часовници во моментов за Android корисниците. 

samsung-gear-s3-frontier-11.jpg


Доколку сте заинтересирани, двете верзии од часовникот може да ги најдете во Ledikom, по одлични цени:

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.