Asus ќе го претстави новиот паметен телефон ROG Phone 5 следниот месец.

Asus ROG Phone 5 би можел да стане еден од најдобрите гејмерски смартфони оваа година, а ќе биде претставен на 10 март, порано од очекуваното.
Компанијата објави тајмер за одбројување и е наведено името на уредот, така што нема мистерија што ќе видиме следниот месец. Оваа информација е изненадување бидејќи Asus не го претстави ROG Phone 3 до јули минатата година.
Ако се прашувате што се случи со ROG Phone 4, не сте единствените. Asus одлучи да го прескокне тој број без објаснување, а се шпекулира дека причината е што во некои региони бројот 4 се смета за несреќен.ROG Phone 5 ќе има 6,78-инчен екран, батерија од 6000 mAh што поддржува полнење од 65W, врвен Qualcomm Snapdragon 888 процесор, 16 GB RAM и главна камера од 64 MP.
Сѐ на сѐ, се чини дека гејмерите има на што да се надеваат.
Извор: Кајгана.мк
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.