x

Гејмерски ѕвер: Моќниот лаптоп со цена од 9.000 долари

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 06 Јануари, 2017 од GSM.mk

Acer уште минатата година го најави гејмерскиот лаптоп Predator 21X, а сега ги открија последните податоци пред стартот на продажбата. Моделот ќе има закривен екран од 21 инч и цена од 9.000 долари, па само мал број гејмери ќе можат да си го дозволат.

Тој ќе користи Kaby Lake верзија на Intel Core i7-7820HK процесор, ќе има две Nvidia GTX 1080 графички картички, секоја со по 8GB DDR5X, кои ќе бидат поврзани со SLI технологија, 64GB RAM, како и класичен хард диск со 1 TB и до четири 512GB SSD дискови.

Големиот 21-инчен заоблен екран, што за прв пат се користи на лаптоп, има резолуција од 2.560x1.080 пиксели, а има технологија за следење на погледот на играчот како и шест звучници.

На пазарот ќе се појави во текот на следниот месец, а со оглед на високата цена, веројатно ни во Acer не очекуваат голема продажба на овој „предатор“. Поголеми очекувања имаат за Predator 17X кој има 17,3 инчен екран и далеку пониска цена од 2.699 долари, а има само една ист процесор, до 64GB RAM и само една GTX 1080X графичка картичка.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.