x

Гејмерски сон: Апдејтирајте додека спиете

Категорија: Забава Објавено на 18 Февруари, 2021 од GSM.mk

Многумина воопшто не размислуваат за ажурирање на видеоигрите, што значи дека често се случува да бидат принудени да чекаат додека некоја заборавена игра не го преземе ажурирањето, што може да го одложи задоволството на играњето за неколку часа.

Ако игрите не се ажурираат редовно, се случува при стартување да се преземат ажурирањата од претходните неколку недели.

Проблемот не влијае на сериозните гејмери ​​кои водат сметка нивните игри да бидат секогаш подготвени, но кога ќе се појави, тоа е компликација што ги забавува и компјутерот, и плановите на играчите.

PowerNap е тука за да го реши овој проблем, бидејќи осигурува дека игрите на сите платформи се ажурираат во догледно време.

Кога ажурирањето е завршено, апликацијата или го исклучува компјутерот или го испраќа во режим на мирување, во зависност од поставките што ги избрал корисникот.

PowerNap е дизајниран да ги апдејтира сите игри додека корисникот спие или поради некоја друга причина е далеку од компјутерот.

Оние кои го тестирале забележуваат дека не станува збор за волшебна апликација, пред сѐ затоа што бара поставувања во рамки на инсталацијата за гејминг платформата, што не е најелегантно решение, но и затоа што не работи на Steam, кој распоредува ажурирања за сопствените игри.

Сепак, кога ќе се конфигурира секој launcher, гејмерите добиваат сојузник што барем малку ја олеснува маката наречена апдејтирање.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.