x

Гигантот работи на 6G мрежа: Сакаат да бидат пред конкуренцијата

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Февруари, 2021 од GSM.mk

Главната карактеристика на последната iPhone серија беше тоа што поддржува 5G мрежа, но се чини дека Apple работи и на развој на 6G технологија.

Компанијата распиша оглас за работа за која се бараат инженери кои „би имале единствена можност да работат на создавање на безжична технологија од следната генерација“, како и да влијаат на следната генерација на производите на Apple.

Oвој оглас се појави по извештајот дека Apple работи на развојот на сопствени модеми за iPhone, iPad и други уреди – сè за да не зависат од компаниите како што е Qualcomm.

Со самото тоа, логично е дека нивниот следен корак би бил развој на 6G технологија, со тоа што Apple неодамна се приклучи на индустриската група која се занимава со развој на 6G.

Како и да е, некои предвидувања се дека ќе мора да почекаме барем уште една деценија, но Apple очигледно сака да биде пред конкуренцијата.

Минатата година Кина успешно го лансираше во вселената првиот 6G сателит за да ја тестира оваа технологија, но и да истражат до каде се со нејзиниот развој.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.