x

Голем дел од корисниците ја бришат Snapchat апликацијата по скандалот со Ријана!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Март, 2018 од GSM.mk

Голем дел од Snapchat корисниците споделија дека планираат да ја избришат апликацијата, по контраверзната реклама која се појави со Ријана и Крис Браун..

Негативни коментари за рекламата се појавија низ сите социјални мрежи, а особено на Твитер, вклучувајќи еден од Chelsea Clinton: "Страшно што некој мисли дека ова е смешно. Страшно што некоја компанија би го одобрила ова."


За оние кои не се запознаени, станува збор за реклама која ве прашувале дали попрво би ја удриле Ријана или Крис Браун. Во 2009, Браун беше осуден откако брутално ја нападна Ријана во својот автомобил.


Snapchat сподели изјава каде се извини за рекламата, но голем дел од корисниците веќе изјавија дека се згрозени и планираат да ја избришат апликацијата. Денес, и самата Ријана сподели на Instagram дека Snapchat ја изневери довербата на сите жени, деца и мажи околу светот кои се жртви на насилство. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.