x

Големиот мајстор на масоните во Русија ја поддржува 5G технологијата

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Август, 2020 од GSM.mk

Членовите на масонското братство на Русија го поддржаа напредокот во земјата на секое поле и ја поздравија 5G мрежата, објави радио Говори́т Москва́.

Големиот мајстор на Големата ложа на Русија, Андреј Богданов, изјави дека тој лично е за 5G мрежа, дека ја има технологијата и планира да ја користи.

Тој сепак нагласи дека тоа не било „тема на дискусија во Ложата“ и дека „малку е веројатно дека ќе биде“ бидејќи тоа „не го засега масонството“.

Големиот мајстор додаде дека „луѓето од незнаење ги обвинуваат масоните за сите несреќи“, иако сите информации за нив може да се најдат на интернет.

Руската федерална служба за надзор на телекомуникациите и информатичката технологија Roskomnadzor ѝ даде на компанијата Mobile TeleSystems (MTS) првата дозвола за нудење 5G услуги во 83 од 85 региони на Русија. Дозволата важи до 2025 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.