x

Големото количество на лепак ги успорува поправките на Galaxy S9 Plus

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Март, 2018 од GSM.mk

Во поголемиот дел, тестирањата на iFixit врз Galaxy S9 Plus откриваат се што очекувавме. Но, има неколку работи кои не ги знаевме за спецификациите на уредот..

Прво, нешто што можеби не знаевте за уредот е дека доаѓа со исти спецификации на батеријата како кобниот Note 7 (3.85V, 3,500mAh и 13.48Wh). Но, бидејќи спецификациите се исти, не значи дека и батериите се исти. Станува збор само за интересна сличност меѓу новиот премиум уред на Samsung и несреќниот Note 7.

Со оглед на тешкотиите што ги имаше тимот на iFixit при отварање на уредот, поправката на Galaxy S9 Plus најверојатно ќе биде скапа. Големо количество на лепило е користено, со цел да се задржи неговата водоотпорност, а внатре, S9 Plus изгледа исто како неговиот претходник. Се разбира, постојат и мали промени. 

Според iFixit, промената на батеријата е возможна, но најверојатно ќе станува збор за сложен процес. 



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.