x

Google го тестира темниот режим за десктоп пребарувања

Категорија: Занимливости Објавено на 12 Февруари, 2021 од GSM.mk

Google ја тестира опцијата Dark Mode (темен режим) за десктоп пребарувања.

Ако сте меѓу оние за кои темниот режим е веќе достапен и ако вашиот систем е поставен на Dark Mode, позадината на пребарувачот Google ќе ви биде темносива.

Сè уште не е познато колку луѓе можат да го користат темниот режим во фазата на тестирање, а некои корисници на Twitter објавија дека веќе го имаат.

Исто така, сè уште не е познато кога темниот режим ќе биде достапен пошироко или за сите корисници.

Ова не е првпат да се појави темниот режим за пребарувачот, бидејќи некои корисници пријавија дека го имаат уште минатиот месец.

Минатата недела, Twitter го направи својот темен режим уште потемен, а Microsoft исто така тестира измени на Word за да го направи целиот документ темен.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.