x

Google и Apple се доказ дека парите не се решение за секој проблем!

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Април, 2019 од GSM.mk

Google и Apple се едни од најголемите компании во светот. Двете компании заработуваат големи пари и се достапни насекаде. Но, токму поради тоа, дел од фановите забораваат дека и овие брендови се соочуваат со секојдневни проблеми во однос на бизнисот..

Луѓето секогаш имаат највисоки очекувања од овие две компании. Но, работите некогаш не одат по план. Зашто е тоа така?

1. Лимитирана достапност на човечки ресурси

Во светот на Силиконската Долина, работите се различни. Дистрибуцијата на софтвер е евтина и ефикасна, но нејзината креација е тешкиот дел. За компании како Google и Apple кои постојано треба да ја одржуваат својата позиција на врвот, пронаоѓањето на млади и талентирани вработени може да биде вистински предизвик. Од своите вработени, кај нив е потребна неверојатна креативност, иновативност и, се разбира, лојалност.

Why make a few thousand more per month when you can play foosball at the office instead?

2. Клетвата да имаш преголем избор

Повторно, станува збор за проблем кој на прв поглед звучи смешен. Но, кога светот ти е на дланка, тешко е да одлучиш на што треба да посветиш најголема внимание - дали производоството на нови смартфони, нов софтвер, нови гаџети или пак, нешто сосема ново? Затоа, овие компании посветуваат огромно значение и внимание на желбите на своите лојални фанови. Доколку некогаш не ги исполнат нивните очекувања, разочарувањето е големо.

Allo was just one of the many messaging apps Google went through

3. Имањето пари не значи дека може да ги трошите како што сакате
Слично како со вториот проблем, кога генерерираат огромна сума на пари, овие компании треба да посветат огромно внимание на тоа каде ќе ги инвестираат. Иако поголемиот дел од работите може да си ги дозволат, правилна алокација на финансиските ресурси е неопходна.
4. Некогаш, технологијата едноставно не е прифатена
Додека овие компании посветуваат голем дел од своето време смислувајќи нови, револуционерни технологии, некогаш, тие едноставно не се прифатени од фановите. Причините за неуспехот се многубројни, но најчесто, корисниците не се подготвени на промена.

And sometimes the technology is there, but society isn't

Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат најголемите сили во светот. Дали вие имате предлог за дополнување на листата?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.