x

Google ја отстрани популарната бенчмаркинг апликација AnTuTu од Play Store!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 10 Март, 2020 од GSM.mk

Google реши да ги отстранува сите апликации од Play Store кои не ги почитуваат правилата поставени од компанијата, без разлика колку се популарни...

Меѓу многуте апликации кои беа отстранети се најде и AnTuTu - популарната бенчмаркинг апликација. Иако не знаеме кога точно било отстранета, секој кој ќе се обиде да го отвори линкот преку Play Store ќе добие порака за грешка. 

поред AndroidPolice, причината позади ваквата одлука на Google е поврзана со Cheetah Mobile - компанија на која сите апликации беа отстранети од Android дигиталната платформа минатиот месец, бидејќи ги прекршија правилата на Google. Иако AnTuTu не припаѓа целосно на Cheetah Mobile, менаџерот на компанија, Fu Sheng, е истовремено извршен директор на AnTuTu. Но, AnTuTu тврди дека работи самостојно, иако Cheetah Mobile инвестираше во компанијата и стана еден од акционерите пред неколку години. 

AnTuTu смета дека апликацијата беше отстранета од Play Store поради фактот што полисата за приватност беше поврзана со адресата на Cheetah Mobile. Доколку Google го преиспита проблемот и открие дека станува збор за грешка, можеби апликацијата ќе се врати во Play Store. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.