x

Google ќе ги обедини услугите во Google Cloud

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 04 Октомври, 2016 од GSM.mk

Google одлучи да ги обедини сите услуги што ги има „во облак“ под едно заедничко име - Google Cloud. Звучи помалку чудно, но Googlе досега немаше услуга со ова име. Тие ја имаат Google Cloud Platform, но оваа услуга беше само за дел од сервисот што го нуди

Од сега сите услуги базирани на „облак“ ќе бидат обедините по едно име и така ќе бидат достапни за користење.

Google for Work, односно Apps for Work ќе го смени името во G Suite. Покрај нив, во Google Cloud ќе бидат сместени и Google Cloud Platform, Chromebooks, бројните мобилни услуги, но и Gmail, Google Docs, Google Sheets, Google Slides, Google Maps for Work и Google Search for Work.

Компанијата размислуваше и за тоа да ги именува услугите како Google Enterprise, но на крајот се одлучија за полесното и поедноставно име.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.