x

Google ќе уплати 25 милиони долари во Фондот на ЕУ против лажните вести

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Април, 2021 од GSM.mk

Google ќе уплати 25 милиони долари во новоформираниот Европски фонд за медиуми и информации за борба против лажните вести.

Google ова го објави во контекст на критиките дека технолошките гиганти не прават доволно за да ги откријат дезинформациите на интернет.

Како што пренесуваат странските медиуми, пандемијата на COVID-19 и минатогодишните избори во САД предизвикаа зголемување на дезинформациите, а некои ги критикуваат социјалните медиуми дека не се поактивни во решавањето на проблемот. Регулаторите најавија дека можат да воведат строги ограничувања.

„Доживувајќи ја неизвесноста и предизвиците во изминатата година, се покажа дека е поважно од кога и да е луѓето да имаат пристап до точни информации и да можат да разликуваат факти од фикција“, изјави претставникот на Google, Мет Бритин, во објава на блог.

Фондот ќе работи пет години. Европската опсерваторија за дигитални медиуми, проект на Европската комисија формиран минатата година, кој вклучува експерти за верификација на информации и универзитетски истражувачи, ќе оценува и избира проекти.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.