x

Google Pixel 2: Дизајн, спецификации и се што знаеме досега!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Јуни, 2017 од GSM.mk

Сите знаевме дека Google ќе го искористи успехот на Pixel уредите, и оваа година ќе ја претстави втората генерација на телефони во серијата. Сеуште не знаеме колку верзии ќе добиеме, но некои од нивните спецификации се веќе познати:

Веќе некое време слушаме информации дека Google тестира три различни модели за Pixel серијата, следбениците на Pixel и Pixel XL, како и трет, поголем уред. Но, сега се појавија гласини дека компанијата го откажа производството на следбеникот на Pixel XL, за целосно да посвети внимание на т.н "Taimen" уред. Минатогодишните Pixel и Pixel XL беа резултат на соработката меѓу Google и HTC. Оваа година, Google, со помош од LG, ќе ја претстави втората генерација од уредите. 
Дизајн
Сега за сега, знаеме многу малку за нивниот изглед. Се зборува дека уредите ќе доаѓаат со неверојатен тело-дисплеј сооднос и неверојатно тенки рамки. На тој начин, ќе останат релеванти и ќе може да бидат споредувани со популраните телефони во моментов. 

Дисплеј
Помалиот од двата, ќе доаѓа со 5 инчен дисплеј, додека пак поголемиот ќе има поголем екран и од 5.5 инчниот Pixel XL, и ќе биде 5.6 или 5.7 инчи. Исто како Google Pixel Pixel XL, уредите ќе доаѓаат со OLED дисплеј. Google ќе инвестира околу 880 милиони долари во LG Display, за да обезбеди доволно OLED дисплеи. Кога станува збор за резолуцијата, најверојатно ќе добиеме Quad HD.


Хардвер и камери
5.6 инчниот Tamien ќе работи на Qualcomm 835, со 4GB RAM. Најверојатно, ќе содржи Adreno 540 GPU и 128GB меморија. Кога станува збор за камерите, Tamien ќе има 12 мегапикселна задна камера и 7 мегапикселна selfie камера, што можеби ви изгледа како ниска резолуција, но е повеќе од доволно за фоткање на социјалните мрежи. 


Google Pixel 2 rumor round-up: Design, specs, and all we know thus far

Кај цените, не очекуваме големи изненадувања. Следната Pixel генерација ќе има слични цени како и претходната. Еве како изгледаа цените:

Google Pixel 2 rumor round-up: Design, specs, and all we know thus far



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.