x

Google Pixel 2: Спецификации, дизајн, цена и достапност!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Јули, 2017 од GSM.mk

2017 е една од највозбудливите години во светот на смартфоните. Во исчекување сме на мега популарните iPhone 8, Galaxy Note 8 и, се разбира, новите уреди во Google Pixel серијата...

Дизајн

Според гласините, поголемиот од двата е познат како Taimen, а помалиот Walleye. За жал, само поголемиот ќе доаѓа со невидливи рамки, додека помалиот ќе го има истиот изглед како минатогодишниот Pixel. Иако нема многу информации за нивниот дизајн, се зборува дека Tamien ќе биде премиум модел, благодарение на кој ќе може да се натпреварува со популарните смартфони на пазарот. 

Дислеј

Walleye ќе доаѓа со 5 инчен дисплеј, а Taimen со 6 инчен дисплеј. Исто како минатогодишните модели, уредите ќе доаѓаат со OLED панели. Помалиот најверојатно ќе содржи 5.6 инчен дисплеј со резолуција од 1312 x 2560 пиксели, а двата модели ќе подржуваат Quad HD екрани. 

Хардвер и камера

5.6 инчниот Tamien доаѓа со Qualcomm 835 процесор и 4 GB RAM. Pixel XL 2 ќе има околу 128GB меморија, a помалиот Pixel ќе има 64GB. Задната камера на Tamien ќе биде од 12 мегапиксели, а селфи камерата од 7 мегапиксели. За камерите на поголемиот Pixel сеуште нема информации, но се зборува дека ќе доаѓа со дуален систем камери. 


Google Pixel 2 rumor review: Design, specs, features, price, and all we know thus far

Достапност и цена

Според претходно искуство, претставувањето на уредите би требало да биде на почеток на есента. Новата генерација би требало да има слични цени со нивните претходници. Цената на минатогодишниот Pixel беше 650 долари, а на Pixel XL беше 770 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.