x

Google Pixel 3 и 3 XL: Сите нови функции

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Октомври, 2018 од GSM.mk

Google конечно ги претстави своите нови смартфони - Pixel 3 и Pixel 3 XL. Да погледнеме што нудат:

1. Флексибилен OLED дисплеј со HDR

Една од поимпресивните карактеристики со кои доаѓаат Pixel 3 и 3 XL се големите екрани - двата со флексибилна OLED технологија, што значи повисоки контрасти, подобри бои и подобар квалитет.

2. Камери "подобри од iPhone Xs ", широкоаголни селфиња

фотографија направена со Pixel 3

Official Google Pixel 3 sample shot

Новите уреди доаѓаат и со значително подобрени камери, за кои подетално ќе зборуваме подоцна. На кратко, некои од поинтересните функции се: Super Res Zoom, HDR+, Night Sight, широкоаголни предни камери и многу повеќе.

3. Стерео звучници произведени со помош на продуцент-добитник на Grammy

4. Брзо и безжично полнење

Додека капацитетот на батериите не е толку импресивен, компанијата тврди дека софтверската оптимизација на Pixel 3 и 3 XL ќе им дозволи да "издржат цел ден". Во превод, батериите нудат безжично полнење и до 7 часа издржливост за само 15 минути. 

5. Висока водоотпорност

Додека Pixel 2 доаѓаше со IP67 сертификација, која гарантираше издржливост од половина час до 1 метар под вода, новите уреди може да ги носите и подлабоко, до метар ипол под вода. 

6. Високи цени 

За жал, со моќните спецификации следуваат и високи цени. Имено, цената на Pixel 3 ќе биде 799 долари, додека поголемиот Pixel 3 XL ќе чини 899 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.