x

Google Pixel 3 и 3 XL: Спецификации и цени

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Октомври, 2018 од GSM.mk

Останаа само неколку дена до претставувањето на Pixel 3 и Pixel 3 XL, а во однос на нивните спецификации и карактеристики остана уште многу мал дел кој ни е непознат..

Благодарение на големиот број фотографии и информации, веќе сме добро запознаени со перформансите и функциите кои ќе ги нудат Pixel 3 и Pixel 3 XL. Можеби последно, остана да се запознаеме со нивните цени:

  • Pixel 3 64 GB: 771 долари
  • Pixel 3 128 GB: 870 долари
  • Pixel 3XL 64 GB: 870 долари
  • Pixel 3XL 128 GB: 970 долари
Во однос на спецификациите, Pixel 3 и Pixel 3 XL ќе имаат многу сличности, вклучувајќи: Android 9 Pie, Qualcomm Snapdragon 845 процесор, 4 GB RAM, водоотпорност, дуален систем камери на предната страна од 8 мегапиксели и задна камера од 12 мегапиксели. 

Но, телефоните ќе се разликуваат во големина, тежина, резолуција и капацитет на батериите. Додека Pixel 3 ќе доаѓа со 5.5 инчен дисплеј, резолуција од 1080 x 2160 пиксели и батерија од 2915 mAh, неговиот поголем брат нуди 6.3 инчен дисплеј, резолуција од 1440 x 2880 пиксели и поголема батерија, од 3430 mAh. 
Нивната претпродажба ќе започне веднаш по официјалното најавување, на 9 октомври.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.