x

Google: Pixel 3a и Pixel 3a XL официјално пристигнуваат на 7 мај!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Април, 2019 од GSM.mk

Со претставувањето на новите Playmoji AR стикери, Google сподели интересни информации во врска со своите новоочекувани смартфони..

Деновиве, Google претстави пет нови Playmoji AR стикери. Станува збор за War Machine, Thor, Black Widow, Rocket и Captain Marvel - пет нови стикери кои ќе се придружат на останатите Marvel херои, како Iron Man, Captain America, Hulk, Nebula и Okoye. Случајно или не, ваквото претставување е само неколку ден пред појавувањето на новиот, "Avengers: End Game" филм. За да користење, се што е потребно е да ја отворите камерата на Pixel уредите.

Покрај новите стикери, на Google Store се појавија интересни информации за 7 мај и претставувањето на два нови уреди од средната класа на Google, Pixel 3a и Pixel 3a XL. 

Според шпекулациите, двата уреди ќе работат на Snapdragon 670, заедно со 4GB RAM меморија. Pixel 3a ќе има 5.6 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2160 пиксели и батерија од 2,915 mAh. Pixel 3a XL ќе доаѓа со поголем, 6 инчен панел, резолуција од 1080 x 2220 пиксели и малку поголема батерија од обичниот модел. Двете верзии ќе имаат пластична конструкција, со цел да ја задржат пониската цена.

Како што рековме, според постерот споделен од Google, новите смартфони пристигнуваат на 7 мај.

Google teases the May 7th unveiling of the Pixel 3a and Pixel 3a XL

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.